Се испитуваат причините за смртта на 12-годишното девојче

30.01.2015 16:11

Центарот за јавно здравје превентивно ги дезинфицираше просториите во училиштетото во кое девојчето посетувало настава...

Комисијата формирана од Министерството за здравство е на терен. Ги испитува причините за смртта на 12 годишното девојче кое почина на Инфективната клиника. 

Центарот за јавно здравје превентивно ги дезинфицираше просториите во училиштетото во кое девојчето посетувало настава. Дезинфекција имало и на Инфективна клиника.

Девојчето последен пат во училиште било на 20 јануари.