Државата финансиски ќе го подобрува маркетингот во земјоделството

30.01.2015 17:06

Парите ќе бидат наменети за амбалажирање на вино и земјоделски производи. Финансиската поддршка ќе покрива 20 отсто од трошоците за амбалажа...

Со 35 милиони денари владата финансиски ќе го подобрува маркетингот во земјоделството. Парите ќе бидат наменети за амбалажирање на вино и земјоделски производи. Финансиската поддршка ќе покрива 20 отсто од трошоците за амбалажа.

По 6 денари за амбалажа на вино и 4 денари за земјоделските производи. Целта е зголемување на извозот.

„Она што е основен фокус на самата оваа програма да се даде финансиска поддршка во зголемување на квалитетот на земјоделските производи, во инвестиции, пред се во покривање на делот од трошоците коишто ги прават домашните компании во поглед на изработка на амбалажата, и на тој начин да се влијае на степенот на додадена вредност“, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Во изминатите три години за оваа намена биле издвоени 66,2 милиони денари. Растот на извозот на вино по обем се зголемил за 34 отсто, а извозот на  земјоделските производи за 10 проценти.

Во 2014 година за првпат е исполнета безцаринска квота за извоз на флаширано вино во ЕУ. Преку овој  вид на поддршка, досега се извезени над 16 милиони шишиња флаширано вино и биле подржани 25 регистрирани винарии. 

 

Дијана  Ценевска