Кумановскиот кризен штаб на терен, снирани критичните точки

30.01.2015 17:17

При последните врнежи во кумановскиот регион, откако се излеаа Крива Река и Пчиња поплавија стотици хектари земјоделско обработливо земјиште, куќи, викендички и помошни простории претежно во селата Јачинце, Довезенце и Стрезовце...

По најавите за невремето кое викендов ќе ја зафати нашата земја од  доаѓањето на циклонот „Давид“, кумановскиот општински кризен штаб на терен ги санираше критичните точки на речните корита на Којнарка, Кумановка, Пчиња, Крива Река и Липковка. Надлежните претпријатија заедно со дваесетина ангажирани лица од армијата поставуваа на насипи со песок на евенталните критични места.

„Правевме таканаречени вештачки насипи. Се полнеа вреќи со песок и поставуваа на оние места на кое прети опасност од излевање.Превентивно се ангажирани сите надлежни претпријатија“, изјави Валентина Алексовска, секретар во Општина Куманово.

За расчистување на кората од насобраниот шут и паднатите дрвја ангажирани се четири машини за чистење. Од Општината додават дека се во преговори со фирми за ангажирање на уште две механизации.

„Една машина, багер испративме во селото Довезенце, каде што се расчистува делот околу паднатиот мост, кој жителите сами го правеа. Сметаме дека оваа би можело да биде препрека за излевање“, додаде Момчило Јовановски од секторот за урбанизам при општината.

Инаку при последните врнежи во кумановскиот регион, откако се излеаа Крива Река и Пчиња поплавија стотици хектари земјоделско обработливо земјиште, куќи, викендички и помошни простории претежно во селата Јачинце, Довезенце и Стрезовце.

При поплавите две семејства беа евакуирани. Од регионалниот центар за упрваување со кризи додават дека будно ја следат состојбата со водостоите и порачуваат граѓаните доколку не можат сами да санираат да се јават на бројот 195.

И во општината Старо Нагоричане се санираат коритата на реките. Од таму најавија дека доколку има потреба ќе се ангажираат сите надлежни служби, заедно со Дирекцијата за заштита и сапување.

 

Габриела Димковиќ