Катастарот ги објави податоците од деталниот гравиметриски премер
Познат е составот на подземните слоеви. Во западниот, претежно варовник , источниот дел – потенцијален терен за нови истражувања на рудно богатстство, и потенцијални наоѓалишта на нафта или гас во Македонија...

Научната јавност ги доби податоците од гравиметрискиот премер на државава. Точно се знае распоредот и густината на масите во внатрешноста на земјата. Податоци потребни за истражувања што ќе откријат каде и со што е богата Македонија во подземните слоеви. Сега катастарот може да ги дефинира границите на недвижностите.
„Се гледаат слоеви каде има варовник, јаглен, каде има метал, основните работи се тука. Но, лошо е да кажеме дека тука има нафта, за да се види дали има нафта треба да се направат истражувања врз основа на овие податоци кои ние сега ги даваме на државните и на приватните институции“, посочува Славе Трепески, директор на Агенцијата за Катастар на недвижности.
Македонија е прва земја од регионот која со најсовремени инструменти и методи ги спроведе мерењата под земја. Опфатени се повеќе од 2.300 точки на растојание од пет километри. Вредностите во комбинација со други геоподатоци ќе ги дефинираат и рудните богатства и местата каде има нафта или природен гас во Македонија.
Сузана Фиданска Стоевска
