Се испитува дали има пропусти во лекувањето на 12-годишното девојче кое почина вчера
Центарот за јавно здравје направи превентивна дезинфекција во училиштето каде што учело девојчето. Во разговорите со наставниците последен пат на училиште било на 23- ти овој месец. Родителите кај матичен лекар прв пат ја однеле на 27-ми заедно со помалата сестра која исто така била болна...

Комисија од експерти која ја формираше Министерството за здравство се уште испитува дали има пропусти во лекувањето на 12 годишното девојче кое почина вчера. Ја проверуваат медицинската документација кај матичниот лекар и на Инфективната клиника. Центарот за јавно здравје направи превентивна дезинфекција во училиштето каде што учело девојчето. Во разговорите со наставниците последен пат на училиште било на 23- ти овој месец. Родителите кај матичен лекар прв пат ја однеле на 27-ми заедно со помалата сестра која исто така била болна.
„Дадени се се упати за изготвување на анализа на двете деца бидејќи и двете деца ги однеле на преглед, меѓутоа починатото дете одбило да даде крв, додека на другото дете земено му е крв и резултатите се негативни“, изјави д-р Лилјана Лазаревска - епидемиолог во Центарот за јавно здравје.
Дечиња со слични симптоми во училиштето нема. Според изјавите на наставниците нема зголемена отсутност на децата. На 28-ми вечерта девојчето било хоспитализирано на Инфективната клиниа, во тешка здравствена состојба. Иако четири часа докторите се обидувале да го спасат девојчето, не успеале. Родителите не сакале обдукција.
Андријана Атанасовска
