Македонија се подготвува за новиот силен воден бран

30.01.2015 17:47

Координативото тело го задолжи општините да ги стават на готовс сите ресурси, да ги мобилизираат кризните штабови, да побараат помош од Дирекцијата за заштита и спасување...

Нов бран врнежи во земјава. Се очекува да наврнат меѓу 40 и 60 литри на квадратен метар. Координативото тело го задолжи општините да ги стават на готовс сите ресурси, да ги мобилизираат кризните штабови, да побараат помош од Дирекцијата за заштита и спасување.
 
Граѓаните пак кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК, а возачите навремено да се информираат за состојбите на патиштата. 
 
Се препорачува и припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција, а екипи од ЕВН и ДЗС да воведат дежурни служби.
 
Според информациите од УХМР, новиот бран врнежи се очекува да започне денеска по 22 часот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет. Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час.
 
Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во попладневните часови и вечерта да стигне нов влажен бран. Се очекува овој бран да биде ударен, изразен преку поројни дождови и грмотевици.
 
Според информациите за хирдолошката состојба, подземјето веќе е полно со вода така што би немало доволно капацитет целосно да ги прими наредните врнежи од дожд. 
 
Се очекува сливните подрачја доста брзо да реагираат на најавените врнежи и водостоите нагло да пораснат.