Oбвинителството поднесе жалба за одлуката за условен отпуст на Кежаровски
30.01.2015 18:00
Во соопштението наведуваат дека со одлуката погрешно е утврдена фактичката состојба во случајот и дека осуденото лице не ги исполнува условите за условен отпуст...

Јавното обвинителство поднесе жалба на одлуката на основниот суд за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски. Во соопштението наведуваат дека со одлуката погрешно е утврдена фактичката состојба во случајот и дека осуденото лице не ги исполнува условите за условен отпуст.
Томислав Кежаровски е осуден на две годишна затворска казна за откривање на идентитет на заштитен сведок. Бидејќи има издржано повеќе од 90% од казната, кривичниот суд на барање на директорот на затворот Шутка, одобри да биде условно ослободен.
