Уште еден напад на полицајци во Истанбул

30.01.2015 18:39

Ги погодила само полициските возила пред да ги фрли автоматската пушка и чантата – безбедносните камери ја снимиле како бега пеш...

Жена облечена во црно извадила калашњиков и трчајќи отворила оган врз полициски пункт на плоштадот Таксим во Истанбул. Ги погодила само полициските возила пред да ги фрли автоматската пушка и чантата – безбедносните камери ја снимиле како бега пеш.

Ова е трет напад врз полицајци во Истанбул месецов – еден припадник на безбедносните сили загина на 6-ти јануари кога жена самоубиец се разнесе кај полицска станица. За сега никој не презел одговорност.