Меркел: Не гледам можност за натамошно отпишување на грчкиот долг
31.01.2015 11:10
Приватните кредитори одбијат да го направат тоа, а банките веќе и простија на Грција неколку милијарди евра долг...

Не гледам можност за понатамошно отпишување на долгот на Грција, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, пренесуваат медиумските агенции.
Приватните кредитори одбијат да го направат тоа, а банките веќе и простија на Грција неколку милијарди евра долг. Не гледам можност за понатамошно отпишување на долгот, изјави Меркел за весникот „Хамбургер абендблат“.
Воедно, таа потсети дека еден од условите за нов пакет финансиска помош за Атина е спроведување реформи во земјата.
