Куманово

Нема опасност од прелевање на браните Глажања и Липково

31.01.2015 16:36

За да не дојде до прелевање на езерото, стручни служби од Водостопанското претпријатие вршат превентивно испуштање на водата, за да обезбедат простор за новите колични на вода кои би се слеале од нови врнежи или од топење на снегот од планините...

Скоро преполна брана беше сликата што ја регистрираше нашата камера при посетата на акумулацијата Глажња.Врнежите од дожд и снег во изминатиот период ја наполнија ги наполнија двете езера  од кои градот се снабдува со вода.Капацитетот на Глажња е 24 кубни метри вода, а во моментот има 22, информираат надлежните.

За да не дојде до прелевање на езерото, стручни служби од Водостопанското претпријатие вршат превентивно испуштање на водата, за да обезбедат простор за новите колични на вода кои би се слеале од нови врнежи или од топење на снегот од планините.

„Имаме простор од околу 2 милиони метри кубни вода за испуштање на езерото и во случај на појаки пртиливи да има каде да се прибере таа вода“, вели Зоран Милановски инженер за брани при Ј.П Кумановско - Липковско поле.

Со оглед на количините на водата во акумулациите,граѓаните на Куманово можат да бидат сигурни дека ќе има доволно за сите потреби и за пиење и за наводнување и за индустриски потреби.

„Ние ја имаме таа вода и постојано создаваме нов простор за нови акумулациони приливи.Токму затоа браните се таков бенефит кој обезбедува вода во секое време , па секако и за градот Куманово“, додава инжинерот Зоран Милановски.

Состојбата на двете брани будно се следи 24 часа од страна на надлежни оперативци.Доколу има некаква промена се регистрира и навремено се реагира од страна на стручни екипи.

Габриела Димковиќ