Се почестите напади врз лекарите го нарушуваат односнот лекар- пациент

31.01.2015 13:52

Последните физички и вербални напади врз лекарите се причина луѓето во бели мантили да се чуствуваат небезбедно на работните места. Од еснафското здружение велат дека зголемувањето на капитациониот бод е можност за вработување на лице кое ќе биде линк помеѓу пациентите сестрите и докторите...

Дали да се грижиме за својата безбедност или за здравјето на пациентите, ова прашање си го поставуваат лекарите по зачестените вербални и физички напади од пациентите. Д-р Попова Зафировска вели  нарушен е односто лекар - пациент.

„Еден пациент може да се случо да дојде и по десетина пати во ординација и секогаш да биде услужен на време и еднаш ако небиде услужен тогаш тој вербално во поголме број на случаеви напаѓа и се обидува да наметне свој начин како ние треба да работиме“, вели д-р Марија Поповска Зафирова.

Зголемената административна работа и  бесплатното  здравство од една страна и од друга големите права кои ги имаат пациентите, за еснафското здружение се причина за ваквата состојба.

„Во моментот кога има некој пациент здравствена проблематика,  друг пациент телефонски да бара да му се испечатат  рецепти во секундата да му се закажат на мој термин упати во секундата да му с еоткажат термините кои него не му се допаѓаат  така да сметам дека имаме една алармантна состојба во примарно здравство“, изјави  д-р Лилија.

Пациентиете, со поделено мислење на прашањето „Се однесуваат ли корекно кон  лицата со бели мантили?“.

„Се однесуваат агресивно. Зошто... Незадоволни од докторите, ама тоа не е решение.“

„Има некои лекари добро се поставуваат кон пациентите, има некои некорекни“, велат граѓаните.

Во изминатите седум дена во Велес незадоволни пациенти нападнаа двајца лекари. Од еснафското здружение велат дека ваквите инциденти можат да бидат минато доколку се зголеми капоитациониот бод и се вработи ново лице кое ќе биде линк помегу пациентите, сестрите и докторите.

 

 Дијана Иванова