Успешно регистрирани над 50 илјади фискални каси со ГПРС

31.01.2015 17:11

Уште неколку часа до истекот на рокот за инсталирање на фискална каса со ГПРС уред. Последните податоци покажуваат дека над 50 илјади каси успешно се регистрирани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања...

Над 50 илјади фискални каси се успешно регистрирани и поврзани со новиот систем на УЈП. Тече последениот ден за замена на старите апарати. Со новите фискални уреди он лајн ќе се следи текот на парите. Даночниците очекуваат да се намали сивата економија и нелојалната конкуренција.

Компании што тргуваат со фискалните каси велат дека постапката за интсталирање е брза и едноставна, но секогаш има такви кои го чекаат последниот рок.

Трговците велат дека голем дел касите ги смениле со нови уште кога законот стапил на сила. Некои набавиле нов фискален апарат, а други купиле само фискален принтер со ГПРС, но сите потврдуваат дека нема голема разлика во работата.

Големите компании со промет од над 10 милиони денари веќе ја исполнија обврската. На малите даночни обврзници им беше дадено повеќе време да ја набават потребната опрема.

Трошоците за новите фискални апарати се на товар на државниот буџет. Даночните обврзници кои нема да се опремат со нова каса ќе се соочат со парични казни до 3 илјади евра и затворање на објектот.

 

Сунчица Николоска