Груевски дециден: Не прифаќам закани, уцени и местенки

31.01.2015 17:22

Спречен е обид за државен удар за насилно преземање на власта. Премиерот Никола Груевски во обраќање до јавноста обелодени дека лидерот на опозицијата Зоран Заев го уценувал со објавување материјали што му ги доставиле странски разузнавачки служби и за возврат барал формирање техничка влада. Во полициската акција „Пуч“ се приведени тројца, за Заев е поднесена кривична пријава...

Не прифаќам закани, уцени и местенки на штета на државата, и на сите инволвирани им порачувам - ние не сме Македончиња, туку сме Македонци – порача во обраќањето премиерот Груевски.

Чувствувам должност да ја инофрмирам јавноста за случувањата во изминатиот период, рече Груевски, откако МВР обелодени детали од полициската истрага „Пуч“ во која мегу четворицата осомничени е и лидерот на СДСМ, Заев. Груевски рече дека со него од септември до ноември лани остварил четири средби, првата иницирана на барање на опозискиот лидер, останатите поврзани со неа.

Заев побара итно формирање техничка влада од мене и ме информираше дека во соработка со странска разузнавачка служба прибавил снимени телефонски разговори од речиси цел државен врв, медиуми и други политички и јавни лица од власта и опоцијат.

„Го прашав дали е сигурен во тоа што го говори и дека е тоа странска разузнавачка служба, добив потврдни одговори.Тој раскажа неколку телефонски разговори за кои констатиравме дека дел се точни, дел половично точни и дел неточни.Сепак, фактот дека дел од нив беа точни укажуваше на сериозноста на ситуацијата“, истакна претседателот на Владата, Никола Груевски.

Откако Заев го информирал Груевски за соработката со странските разузнавачки служби и прибавените снимени телефонски разговори од речиси целиот државен врв, почна и јавно да говори дека поседува ваков материјал. „Ја засили заканата за нас и кон нас, дека ако не го прифатиме формирањето на техничка влада ќе го објави“ – рече премиерот.

„Го слушав шефот на македонската опозиција со каква гордост самоувереност и возвишеност ме информира дека странска разузнавачка служба го снабдила со нелегално и противзаконски, противуставно стекнат материјал, делумно монтиран, со цел да оствари некоја своја цел.Не можев да верувам дека човекот кој сака да ја води државата не крие дека соработувал со странски разузнавачки служби..Рече дека со нив имал серија средби и пак побара техничка влада. За сето ова што го говорам постојат цврсти и непобитни докази“, рече Груевски.

Од денеска ќе слушнете многу шпекулации, но вистината ќе излезе на виделина, поготвен сум да одговорам на сите прашања во судската постапка што ќе биде транспарента и јавна, отворена за домашната и меѓународната јавност – во дел од обраќањето рече првиот човек на Владата.

„Ве повикувам да се запрашате што би направиле на мое место? Во цели 24 години независност на Република Македонија ниту еден политичар, ни најконтроверзниот, не направила...Сакам да порачам дека закани и уцени и вакви местенки не прифаќам и не проаѓаат и на сите инволвирани јавно им порачувам дека ние не сме Македончиња туку Македонци“ – додеде Груевски.

Се прави сериозна штета за државата, креирано сцанерио во кое на крај цела држава требаше да биде заложник, а јас тоа нема да го дозволам, рече Груевски.

 

Сузана Фиданска- Стоевска