Странските медиуми за акцијата „Пуч“
„За прв пат од независноста, Министерството за внатрешни работи реализираше случај во кој e спречен обид да се загрози уставниот поредок“, пренесува „Танјуг“...

„Македонскиот опозициски лидер обвинет за заговор за преземање на власта“, „Спречен обид за уривање на македонската влада“, „Обид за пуч во Македонија“, се дел од нaсловите во светските и регионалните медиуми по последната акција на МВР „Пуч“.
„За прв пат од независноста, Министерството за внатрешни работи реализираше случај во кој e спречен обид да се загрози уставниот поредок“, пренесува „Танјуг“.
„Ројтерс“ пренесува- „Недемократско преземање на власта. Главниот опозициски водач во Македонија беше обвинет од страна на полицијата за заговор со странска разузнавачка служба за соборување на владата.“
„Алџезеира“ пишува- „Груевски рече дека се сретнал со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, по негово барање, и дека Заев јасно зборувал дека има снимки со компромитирачка содржина против високи државни функционери и побарал формирање техничка влада“.
„Полицијата соопшти дека тоа е обид да се соберат податоци против владата и на тој начин да се уценува премиерот Никола Груевски да го распушти својот кабинет и да распише предвремени избори“, пренесува српскиот национален јавен сервис „РТС“.
Наташа Јанчиќ
