Кошарка – НБА

Атланта и Антиќ НБА лидери!

31.01.2015 17:54

Паро Антиќ за 12 минути реализираше 7 поени и 3 скока, најефикасен беше Милсап со 21 кош, Хорфорд постигна 17...

Извонредната серија од 18 победи, ја однесе Атланта на врвот на НБА. Хоукс славеа против Портланд со 105:99 и со 39-8 во моментов имаат најдобар ефект во лигата. Паро Антиќ за 12 минути реализираше 7 поени и 3 скока, најефикасен беше Милсап со 21 кош, Хорфорд постигна 17. 

Причина за лидерската позиција на Атланта со 83 проценти успешност е и поразот на Голден Стејт кај Јута со 110:100. Гостинскиот кошаркар Кари имаше најдобро поединечно постигнување со 32 поена, кај домаќините Хејворд оствари 26 коша и 15 асистенции. Вориорс имаат ист број порази како Атланта, но три победи и два процента помалку од екипата на македонскиот кошаркар. 

Во другите натпревари: Филаделфија - Минесота 103:94, Бостон - Хјустон 87:93, Бруклин - Торонто 122:127, Кливленд - Сакраменто 101:90, Мајами - Далас 72:93, Њу Орлеанс - Клиперс 108:103 и Феникс - Чикаго 99:93.