Фудбал - Азиски куп

Австралија ја освои Азија!

31.01.2015 17:55

Во финалето на 16-тоа издание, прво надвор од континентот, Австралија во Сиднеј ја совлада Јужна Кореа со 2:1 по доплнителни 30 минути...

Откако премногу доминираше во Океанија, во 2007-ма фудбалски ја префрлија на друг континент, но на Австралија не и требаше долг период, само осум години и три учества да го освои Азискиот куп.

Во финалето на 16-тоа издание, прво надвор од континентот, Австралија во Сиднеј ја совлада Јужна Кореа со 2:1 по доплнителни 30 минути. Корејците диктираа темпо, но домаќинот ја оствари целта благодарени на тактичката зрелост.

Австралијците не се залетуваа, чекаа и дочекаа водство во 45-та минута со голот на Масимо Луонго кој е прогласен за најдобар фудбалер на Азискиот куп. Трпеливоста на Корејците им се исплатеше во првата минута од судиското надополнување кога Хеунг - Мин Сон го однесе мечот за трофејот во предолженија. Во нив решавачки беше продорот на Томи Јуриќ и погодокот на Џејмс Троиси во 105-та минута.

Обединетите Арапски Емирати се трети со победата против Ирак од 3:1, а нивниот фудбалер Али Мабхут најдобар стрелец на шампионатот со пет гола. Покрај првиот триумф на Австралија, турнирот ќе биде запаметен и по дебитанскиот настап на Палестина и по низата од 26 меча без реми што е рекорд на големите натпреварувања. Претходниот беше од 1930-та година на мундијалот во Уругвај кога на 18 дуели во низа немаше победник.