Заврши спонтаниот протест на револтираните граѓани од обвинетите во случајот „Пуч“

31.01.2015 19:15

Протестот беше мирен, граѓаните извикуваа пароли против Заев. По речиси двочасовниот протест мирно се разотидоа...

Неколку илјади граѓани организирани преку социјалните мрежи се собраа пред Собранието кај споменикот Бранители, а потоа и пред седиштето на СДСМ да го искажат својот револт против, како што го нарекоа, предавничкиот чин на опозицискиот лидер.

Протестот беше мирен, граѓаните извикуваа пароли против Заев. По речиси двочасовниот протест мирно се разотидоа.

Протестот следува откако прво полицијата, а потоа и премиерот Груевски обелоденија дека е спречен обид за државен удар за насилно преземање на власта. Меѓу осомничените за тоа е и Зоран Заев.