Реакции на партиите за случајот „Пуч“
31.01.2015 19:41
Од Социјалистичката партија на Македонија велат: наместо да влезе во Собранието на Република Македонија и активно да се вклучи во неговата работа, сведоци сме на брутален обид на насилно уривање на уставниот поредок...

По објавувањето на веста се јавија и некои партии. Од Социјалистичката партија на Македонија велат: наместо да влезе во Собранието на Република Македонија и активно да се вклучи во неговата работа, сведоци сме на брутален обид на насилно уривање на уставниот поредок на државата, а организатор опозицијата и нивниот лидер, обвинуваат од Социјалистичката партија. Со вакви активности се нанесува само штета на државата.
НСДП дава целосна поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во обелоденување на вистината за корумпираната, криминална и недемократска власт, како и целосна поддршка во битката за враќање на демократските и европски вредности во Република Македонија, се вели во соопштението испратено од оваа партија.
