30 дена притвор за сопругата на Верушевски и струмичкиот функционер
30-дневен притвор за сопругата на екс-разузнавачот Верушевски и за функционерот во струмичката општина. На лидерот на СДСМ му е одземен пасошот како мерка за претпазливост и треба еднаш неделно да се пријавува во суд. Тројцата се осомничени за насилиство врз државни функционери. Вершуевски, кој веќе е во притвор, се товари и за шпионажа...

По 30 дена притвор за сопругата на на екс- директорот на УБК Верушевски и струмичкиот функционер, а на Зоран Заев му е изречена мерка за претпазливост и одземен му е пасошот. Вакви одлуки донел судијата на претходна постапка по неколку часовниот распит во скопскиот кривичен суд.
Претходно Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал доставил предлог за определување мерки за обезбедување на присуство на осомничените во текот на кривичната постапка .
„За едно од осомничените лица не е поднесен предлог за определување на мерка притвор, туку е поднесен предлог за определување мерки на претпазливост. На тоа осомничено лице му е одземена патната исправа и е задолжен да се јавува еднаш неделно пред службено лице во надлежен суд. Судија на претходна постапка по примање на предлозите поднесени од ЈО, по нивно разгледување и постапување донесе решение со кое на две од осомничените лица им се определи мерка притвор во трање од 30 дена“, изајви Паула Божиновски- портпарол на Основен суд Скопје 1.
Со полициска акција „Пуч“ беше спречен обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско превземање на власта. Приведени се тројца. Првоосомничен е Зоран Верушевски, кој е веќе во притвор. За претседателот на СДСМ, Зоран Заев е поднесена кривична пријава. Според МВР, информациите со кој Заев му упатувал закани на претседателот на Владата - Груевски ги добивал од Верушевски со кого остварил повеќе тајни средби со посредство на струмичкиот функционер.
Зоран Заев се товари за насилство на претставници на највисоките државни органи. За истото дело се товарат сопругата на Верушевски и струмичкиот функционер. Додека екс директорот на ДБК, се терети за помагање на тоа дело и за шпионажа.
Екс-директорот на Управата за безбедност и разузнавање во периодот од 2012 –та до денес прибавувал тајни податоци поврзани со работењето на надлежни државни органи во Македонија во форма на документи, фотографии, имиња на лица и податоци кои се однесуваат на општествено-политичките, економските и безбедносните состојби во земјава.
Наташа Гркова-Петрушевска
