Американска амбасада: Да се задоволат највисоките стандарди на правната држава

01.02.2015 16:44

Велат дека со загриженост го следат кривичниот случај против лидерот на опозицијата, Зоран Заев и апсењето на три други лица за наводен обид за загрозување на уставниот поредок...

Писмена изјава на Американската амбасада во земјава за акцијата „Пуч“. Велат дека со загриженост го следат кривичниот случај против лидерот на опозицијата, Зоран Заев и апсењето на три други лица за наводен обид за загрозување на уставниот поредок. 
 
„Ги повикуваме властите да ги задоволат највисоките стандарди на правната држава, транспарентноста, принципиелноста, заштитата на слободата на говорот, како и судската независност во текот на процесот, за да се осигура интегритетот на демократските процеси во Македонија“, велат од Американската амбасада.