Поплавени домови и ниви на југоистокот од земјава

01.02.2015 18:23

Од општина Струмица велат дека на неколку најкритични точки е распоредена целата механизација на Комуналец, а интервенираат и пожарникарите и членбовите на општинскиот штаб за заштита и спасување...

Надојдените води од циклонот повторно предизвикаа проблеми на југоистокот. Од радовишките села, преку Владевци во Василево, Дабиле, Муртино, Сачево и Просениково во Струмица, Моноспитово во Босилово, реките и каналите поплавија дел домови, дел ниви. Жителите од Моноспитово градат заштитен ѕидови по улиците и ја исфрлаат водата од семејните објекти.

Поплавено е и струмичкото поле. Мештаните од Владевци велат дека им се оштетени земјоделските посеви, уништени се расадите со раниградинарските култури и рибници.

Од општина Струмица велат дека на неколку најкритични точки е распоредена целата механизација на Комуналец, а интервенираат и пожарникарите и членбовите на општинскиот штаб за заштита и спасување.

Минатата недела 400 граѓани поднеле барање за утврдување штети, ОД нив 30 биле со поплавени домови. Комисиите треба да ги подготват извештаите со висината на предизвиканата мтеријална штета.

 

Катерина Давчева