Вонредна состојба во Источна Македонија
На удар дваесетина населени места. Централниот кризен штаб ја следи состојбата. Жителите на загозените подрачја мора да ги слушаат апелите на надлежните...

Вонредна состојба во Источна Македонија. Браната Калиманци се излеа. Водостојот во Брегалница ќе се зголми за метар и половина. На удар дваесетина населени места. Централниот кризен штаб ја следи состојбата. Жителите на загозените подрачја мора да ги слушаат апелите на надлежните.
„Повикувам на итна евакуација на сите општини и населени места кои се по течението на реката Брегалница, бидејќи очекуваме силен бран кој ќе дојде од браната. Најголемиот удар се очекува во вечерните часови во штипскиот регион“, изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Според првиот чоевк на Штип, градот го демне голема катастрофа.
„Сметаме дека овој бран ќе го ублажиме, да не биде толку голем. Да нема човечки жртви, да го заштитиме имотот на граѓаните, а материјалната штета ќе ја надоместиме со нашето работење понатаму“, изјави градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.
Заменик министерот за земјоделство ги повика сточарите да не ги забораваат домашните животни.
„Ги повикувам сите сточари кои имаат стока долж течението на реката, истата да ја евакуираат“, рече заменик министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски.
Жителите на загрозените подрачја цел ден се подготвува за надоаѓањето на водата.
Владата мобилизирана, нејзините челнови на терен за лично да извршат увид во состојбите, да разговраат со населението да помогнат. Груевски, Јанкуловки, Јанакиевки се во најпогодениот штипско-кочански регион. Цвтеков во битолско Новаци. Замаеник министер за економија Делев во струмичко.
Премиерот и неговите соработници ќе останат вечерва зеадно со жителите од овој регион, обидувајќи се да помогнат во активностите во кој е вклучена АРМ, МВР, Агенцијата за спасување и сите други државни институции кои можат да помгнат.
Поплавата во текот на целата ноќ ќе се зголемува до рано изутрина. Од утре се очекува постепено намалување на надојдените води.
Наташа Јанчиќ
