Министерството за здравство со препораки за спречување појава на заразни болести од поплавите
Министерството за здравство им укажа на здравствените установи веднаш да пријават појава на било какво заразно заболување и да информираат доколку има потреба од терапија за евентуално заболено лице...

Во Министерството за здравството се одржа состанок на кризниот штаб . Будно се следи состојбата во сите загрозени подрачја. Во секоја здравствена установа веќе има тим од дежурни доктори и медицински сестри, а на руралните доктори им е дадена насока да бидат целосно подготвени да одговорат на здравствените проблеми кај граѓаните.
Министерството за здравство им укажа на здравствените установи веднаш да пријават појава на било какво заразно заболување и да информираат доколку има потреба од терапија за евентуално заболено лице.
Од Министерството информираат дека во Кичево поради проблеми со струјата не функционира телефонската линија на итната медицинска помош, но веднаш е овозможено пренасочување на повиците кон другите телефонски броеви од дежурната служба.
Министерството и комисијата за заразни болести веднаш излезе со препораки за спречување од појава на заразни болести од поплавите меѓу кои да се врши секојдневна контрола на водата за пиење, а во училиштата и градинките да се спроведат мерки за засилено одржување на хигиената и дезинфекција на санитарните јазли и просториите.
