Русија: Темелна истрага за неуспешниот обид за државен удар
01.02.2015 17:47
Во соопштението се вели –се надеваме дека ќе биде спроведена темелна истрага за неуспешниот обид за државен удар во Македонија во интерес на стабилноста и безбедноста на земјата...

За „Пуч“ во Македонија, реакција и од Министерството за надворешни работи на Русија. Во соопштението се вели –се надеваме дека ќе биде спроведена темелна истрага за неуспешниот обид за државен удар во Македонија во интерес на стабилноста и безбедноста на земјата. Ги повикуваме сите политички субјекти да дејствуваат во рамките на уставот за решавање на проблемот преку дијалог.
Влошување на состојбата во пријателска Македонија може да предизвика опасна ескалација на етничките судири во земјата, велат од руското МНР.
