УХМР: Најмногу дожд во Претор
02.02.2015 09:38
Во Претор наврна 26 литри на метар квадратен, 16 во Битола, 15 во Маврово, 11 во Тетово, 10 во Пожаране, 9 во Прилеп и Охрид...

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Претор, 26 литри на метар квадратен, 16 во Битола, 15 во Маврово, 11 во Тетово, 10 во Пожаране, 9 во Прилеп и Охрид.
По 8 литри на метар квадратен се наврнати во Тополчани, 6 во Берово, 5 во Скопје-Петровец и Крушеви, 4 во Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, 2 во Штип, Струмица и Крива Паланка, а по 1 литар во Демир Капија, Дојран, Куманово, Струмица и Пожар.
Според УХМР, изутрината во седум часот е измерена највисока снежна покривка од 64 сантиметри на Маврови Анови, 51 во Крушево, 11 Пожаране, 6 Претор и Тетово, 5 Охрид, 3 Прилеп и 2 сантиметри во Тополчани.
Најниска температура од минус 4 степени Целзиусови е измерена во Маврово, -2 Крушево, -1 Тетово, Скопје-Петровец и Крива Паланка, 0 Куманово, Скопје-Зајчев Рид и Берово, 1 Битола, Претор, 2 Охрид и Прилеп, 3 Кавадарци, 4 Штип, Виница, Струмица и Демир Капија, 5 Гевгелија, 6 Дојран.
Според УХМР, во поголемиот дел од земјава облачноста се намали и преовладува сончево време со умерена облачност, а во источните делови претежно облачно. Врнежите се престанати. Моментно нова облачна маса ги зафати југозападните делови, и од оваа облачна маса во текот на денот се очекуваат врнежи. Дува слаб ветер од јужен правец.
