Министерот Јолевски на средбa во Пентагон

02.02.2015 10:18

Ќе оствари средба со заменик помошникот секретар за одбрана за Русија, Украина и Евроазија, Евелин Фаркас...

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во рамките на својата посета на Соединетите Американски Држави во текот на денешниот ден, доцна попладне по македонско време, во Пентагон ќе оствари средба со заменик помошникот секретар за одбрана за Русија, Украина и Евроазија, Евелин Фаркас.
 
Воедно, министерот Јолевски ќе се сретне и со сенаторот Крис Марфи, соопштија од Министерството за одбрана.