Варуфакис побара укинување на долгот на Грција кон меѓународните кредитори
02.02.2015 12:14
Тој по средбата со неговиот француски колега изјави дека Атина сака само еден преговарач и тоа може да биде Европската комисија...

Грција продолжува да ја збунува европската унија. Во Париз, новиот министер за финансии, Јанис Варуфакис побара укинување на долгот кон меѓународните кредитори, најдоцна до мај.
Новата влада на Ципрас не сака веќе преговори со европската тројка бидејќи според Варуфакис тие не давале резултати.
Тој по средбата со неговиот француски колега изјави дека Атина сака само еден преговарач и тоа може да биде Европската комисија.
Во Грција на некои портали се појавуваат конфузни информации дека Ципрас наводно изјавил дека за една недела Грција ќе ја воведува драхмата, што се уште не е потврдено од офицална Атина.
