Отворена театарската сезона во Куманово

02.02.2015 12:19

Претствата „Брачна игра“ ја отвори новата сезона во Кумановскиот театар. Ликовите во драмата глумат секвенци од секоидневието на млад брачен пар кои тешко се справуваат со семејните обврски...

Млада екипа од кумановскиот театар по текст на англискиот автор Едвард Олби ја подготви новата претстава „Брачна игра“. Младата режисерка Бојана Краљевска, задоволна од својот прв проект кој го привлече вниманието осбено на помладата публика.

„Ова претства ја направивме пред две години и беше премиерно изведена. Но, се поклопија коцките да се најдеме овде сите како нововработени и сметавме дека ако го реализираме овој проект ќе биде добар придонес за куманоската публика и театрот“, вели режисерката Бојана Краљевска.

Во оваа драма на апсурдот Џилијан и Џек се млади сопружници кои не можат да се снајдат во морето на обврски и одговорности.Тое се ликови од нашиот живот, од секојдневието и секој од нас би можел да се пронајде , велат актерите.

„Мислам дека присутнните вечерва ги разбраа деловите кои требаше да ги разберат , не ги разбраа деловите што не требаше , што само ние внатрешно во екипата ги разбираме, во целост, добро ја примија претствата“, изјави актерот Марко Трајковиќ.

„Зошто луѓето го прват тоа, дали се сакаат, дали можат еден без друг или не се прашањата кои се поставуваат во претствата, но индивидуално за секој ќе си ги прими и разбере“, додаде актерката Сања Русевска.

Брачна игра ги обработува заладените и привидни односи помеѓу партнерите, кои условно речено не се подготвени да се соочат со реалноста и превземат чекор за излегување од магичниот круг на интриги. Пораките што ги носи претставата оставаат простор за рамзилување, изјави дел од публика што ја проследи премиерната изведба.

„Ми се допаднаа младите актери, перспективни, одлична игра.“

„Оваа е претства во која секој од нас можеше да се најде во некој дел.“

„Одлична екипа, подршка за целиот проект и да има уште повеќе вакви во Куманово“, велат граѓаните.

Тимот што ја подготви претствата е дел од кадровски засеилената екипа со осум нововработени актери и по два режисери и драматурзи. Овој проект е изработен со сопствени средства и се очекува да го збогати  репертоарот на театрот.

 

Габриела Димковиќ