„Змејовата невеста“: По една деценија, македонска опера на сцената на МОБ

02.02.2015 14:41

По цели 10 години на сцената на Македонската опера и балет ќе биде изведена опера од македонски автор. „Змејовата невеста“ за која либретото го напиша Стојан Стојков, а во режија на Дејан Пројковски, ќе се одигра на 7-ми февруари...

Грандиозниот музичко- сценски проект „Змејовата невеста“ како опера во три чина го подготвува  авторската екипа составена од композиторот Стојан Стојков, кој го напиша либретото, додека во поставување на делото учествуваат диригентот Саша Николовски – Ѓумар, режисерот Дејан Пројковски, кореографката Олга Панго. По една декада од нејзината прва улога на сцената на МОБ, Катерина Стојановска повторно настапува, овојпат во главната улога.

Ова музичко сценско дело совршено се совпадна со мојот професионален и личен авторски сензибилитет. Текстот е проекција на моите најрани сеќавања на слики, звуци и на мириси кои ме вратија назад во времиња кога човекот и природата беа едно, вели авторот.

Последен пат од еден македонски автор е изведена операта „Лидија од Македонија“, од Ристо Аврамовски. „Змејовата невеста“ е обид за пополнување на празнината и натамошен континуитет.

Годинава во Македонската опера и балет уште една премиерна изведба како музичко-сценска форма ќе биде претставена пред публиката. Операта „Леандер и Косара“ на композиторот Сони Петровски.

 

Александра Перевска