ЕУ за „Пуч“: Очекуваме праведна и транспарентна истрага

02.02.2015 14:49

Брисел побара почитување на правилото пресумпција на невиност и транспарентна истрага...

За случајот „Пуч“, официјален Брисел побара почитување на правилото пресумпција на невиност и транспарентна истрага.

„Очекуваме праведна, независна и транспарентна истрага во случајот на било какво наводно погрешно работење, и целосно почитување на правата на обвинетите во согласност со правото и меѓународните стандарди, вклучувајќи ја и презумпцијата на невиност“, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.