Состојбата во Чешиново- Облешево алармантна, водата за пиење загадена
02.02.2015 14:57
Состојбата во оваа општина е алармантна. Водата за пиење во сите населени места е загадена и не е за пиење. За таа цел договорено е во наредните часови вода на жителите да им биде донесена вода со цистерни од Кочани и Велес...

Министрите за труд и социјална политика Диме Спасов, за транспорт и врски Миле Јанакиевски и за здравство Никола Тодоров денеска ги посетија поплавените населени места во општината Чешиново-Облешево. На заедничкиот состанок во општината беше анализирана состојбата со последиците од поплавите и направените штети, а беа превземени мерки за санирање на последиците.
Состојбата во оваа општина е алармантна. Водата за пиење во сите населени места е загадена и не е за пиење. За таа цел договорено е во наредните часови вода на жителите да им биде донесена вода со цистерни од Кочани и Велес, а Заводот за јавно здравје секојдневно да ја испитува водата од бунарите и пумпите по селата од општината. На населеното место Облешево му претстои опасност од излевање на Кочанска река на влезот во селото, за што се агажирани две машини за чистење на каналите од страна на Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија. Јавното претпријатие за патишта ќе работи на оспособување на патен правец до отсеченото село Теранци, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
