Законодавен дом: Најмногу се известувало за одземањето на мандатите
Истражувањето покажува дека во декември медиумите известувале најизбалансирано. За текстови во кои информира за пратениците, изворите биле консултирани и од власта и од опозицијата...

Постапката за одземање на мандатите на опозицијата и измените на законот за високото образование, се теми кои предизвикаа најголем медиумски интерес стои во четвртиот извештај за медиумското работење изготвен од Институтот за демократија Социетас Цивилис финансиран од ЕУ.
Истражувањето покажува дека во декември медиумите известувале најизбалансирано. За текстови во кои информира за пратениците, изворите биле консултирани и од власта и од опозицијата.
Медиумите на македонски јазик, според истражувањето, многу повеќе објавувале информации споредбено со нивните колеги од редакциите на албански.
Во новинарските текстови, Собранието најчесто е споменувано во контекст на пошироката политичка состојба во државата, односите меѓу партиите, бојкотот на опозицијата и тековната процедура за одземање на мандатите, стои во извештајот на социетас цивилис.
Анита Димитријевска
