Приходи од театарски претстави ќе бидат донирани за загрозените подрачја од поплавите

02.02.2015 15:23

Се со цел да им се помогне на загрозените подрачја во форма на храна, облека и обувки...

Театар Комедија, имајќи ја во предвид вонредната состојба во Штип и околината одлучи приходот од изведбата на претставата „Стјуардеси“ која ќе се одигра на матичната сцена на 3-ти февруари да биде целосно дониран на Општина Штип се со цел да им се помогне на загрозените подрачја во форма на храна, облека и обувки.

Кон акцијата ќе се приклучат и Драмски Театар со претставата „Човекот кој го изеде светот“ на 06.02 (петок) и МНТ со претставата „Не се клади на Енглези“ на 07.02 (сабота).