Кичево доби струја
Екипите на „Мепсо“ продолжуваат со подигање на два столба, од далноводот меѓу трафостаниците „Кичево“ и „Осломеј“, кои беа оштетени од силното невреме завчера...

Екипите на МЕПСО, по непрекината повеќе часовна работа, нешто по 14 часот успеаја да ги санираат дефектите на 110 киловолтниот далновод што ги поврзува трафостаниците „Сопотница“ и „Кичево“ со што градот Кичево и околните населени места се приклучија директно на преносната мрежа и добија напојување со електрична енергија.
Екипите на „Мепсо“ продолжуваат со подигање на два столба, од далноводот меѓу трафостаниците „Кичево“ и „Осломеј“, кои беа оштетени од силното невреме завчера.
Со тоа, за два до три дена, ќе се стави под напон и втората 110 киловолтна врска со која градот Кичево е поврзан со преносната мрежа.
