Владата објави оглас за државен секретар во Транспорт и врски

02.02.2015 16:37

Единствениот параметар кој ќе биде вреднуван се знаењата и вештините на кандидатите. Целта не е масовноста, туку избор на кандидат кој поседува способности и квалитети...

Македонската Влада распиша јавен повик за пријавување интерес за ангажман на позицијата државен секретар во Министерството за транспорт и врски. Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот до 7 овој месец со пополнување електронска апликација достапна на веб страницата на Владата.

Сите кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани за оваа одговорна позиција. Единствениот параметар кој ќе биде вреднуван се знаењата и вештините на кандидатите. Целта не е масовноста, туку избор на кандидат кој поседува способности и квалитети со кои ќе придонесе во реализацијата на една обемна  програма и голем број проекти кои се во рамки на Министерството, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Досегашниот државен секретар во Министерството за транспорт и врски Владо Мисајловски е именуван за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта, кој доаѓа на местото на досегашниот директор на претпријатието Љупчо Георгиевски на кого му истече мандатот.