Измамник во Велес ветувал огревно дрво по пониска цена

02.02.2015 16:43

24 годишен велешанец преставувајќи се како продавач на огревно дрво во еден од складовите во Велес измамил четворица велешани. Од измамата тој заработил 16 илјади денари. Полицијата го открила случајот, поднесена му е кривична пријава на изманикот. Од СВР Велес откриваат ваквите измами се честа појава во велешко...

Платиле за огревно дрво, а домовите им останеле делумно студени. Четири велешки семејства пријавиле во полицијата дека се измамени.  Изманикот им ветувал дрва по пониска цена. Дале „капар“, но огревно дрво не добиле.

Измамите ги вршел на тој начин што претставувајќи се како вработен во складот за дрва „Лајман Дрва“ во Велес, успевал од оштетените да наплати одредена сума пари како капар, за кои не им издавал никаков документ, со договор, остатокот да го исплатат по испораката на дрвата“, изјави Анита Стојковска, потпарол на СВР Велес.

24 годишниот велешанец, го признал делото. Пред судот ќе одговара по кривична пријава за измама.

Ова не е е единствен случај на ваква измама во Велес. Од полицијата велат дека е прва која годинава тие ја разоткриле. Апелираат до велешани огревноти дрво да го купуваат од овластените продавачи.

 

Дијана Иванова