Британската амбасада и германското МНР со реакции за случајот „Пуч“

02.02.2015 16:55

Од основна важност е, како и во секој судски случај, сите институции во Македонија да ги почитуваат принципите на владеење на правото, велат од Британската амбасада...

За случајот „Пуч“ реагираа денеска и од Британската амбасада и од германското Министерство за надворешни.

Обвиненијата против лидерот на СДСМ се многу сериозни, и Обединетото Кралство одблизу го следи развојот на настаните. Од основна важност е, како и во секој судски случај, сите институции во Македонија да ги почитуваат принципите на владеење на правото, велат од Британската амбасада.

Од германското МНР повикуваат на значењето на независноста на судството и на истражните органи во Македонија.