Критична состојба со акумулациите во струмичко
Зголемениот водостој во акумулациите во струмичко ги преминува критичните граници- иако водата контролирано се испушта, сепак се зголемува и опасноста од поплави-сите вклучени во акцијата за заштита...

Алармантна е ситуацијата со акумулациите Турија и Водоча кај Струмица. Заменик минситерот за економија Кристијан Делев кој од вчера е со кризните штабови од регионот, вели дека веќе почна контролирано испуштање вода од браната Турија со 15 метри кубни во секунда, количина што може да ја прими реката. Комуналните служби, заедно со армијата, и месното анселение помагаат во зацврстување и изградба на бедеми околу критичните места.
„Кај селото Просениково, каде што е излеана и реката, односно насипот е пробиен. Огромна механизација е таму со цел да се санира овој прелив. Понатаму, околу село Муртино дополнително ќе се ставаат бариери за заштита околу селото“, изјави Кристијан Делев, заменик министер за економија.
На терен е и министерот за труд и социјална политика. Тимовите на центрите за социјална заштита детектираат на колку жители им треба помош.
„Да се помогне во најбрзо време со материјали, облека и се што е потребно“, рече Диме Спасов, минситер за труд и социјална политика.
Превентивните мерки се земаат во пресрет на новите дождови и испуштањата на водите од двете брани. Надлежните апелираат до жителите да се вклучат во акцијата за заштита на селата од поплави.
Катерина Давчева
