Апелација: Жалбата неоснована, Вранишковски излегува на слобода
Апелациониот суд утврдил дека првостепениот суд правилно постапил кога согласно член 200-203 од Законот за извршување санкции и член 36 од КЗ, го уважил предлогот на Директорот на КПУ „Идризово“...

Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 - Скопје за условен отпуст на осудениот Јован Вранишковски, донесе решени со кое жалбата се одбива како неоснована.
Апелациониот суд утврдил дека првостепениот суд правилно постапил кога согласно член 200-203 од Законот за извршување санкции и член 36 од КЗ, го уважил предлогот на Директорот на КПУ „Идризово“ Скопје за условен отпуст на осудениот Јован Вранишковски, сега на издржување на казна затвор во КПУ „Идризово“.
Со тоа, по службена должност, решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје КОК – УОПК бр. 106/14 од 09.01.2015 година се уважува, а се преиначува само во делот каде е наведена датата за отпуст, односно со решенеиото на второстепениот суд, осудениот се отпушта од издржување на казната затвор на ден 02.02.2015 година.
Времето на условен отпуст на Вранишковски трае до 23.03.2017 година.
