Хицлшпергер призна дека е геј

08.01.2014 15:27

За некого храброст, за некого срам. Поранешниот германски фудбалер Томаш Хицлшпергер призна дека е хомосексуалец. „Ова го кажувам затоа што сакам да ја унапредам дискусијата за половата ориентација на професионалните спортисти“, изјави 31-годишниот Хицлшпергер, кој одигра 52 натпревара за германската репрезентација, а најголем дел од клупската кариерата мина во Англија. Беше член на Астон Вила, на Вест Хем и на  Евертон, а во септември престана професионално да настапува поради серија повреди.

„Не се срамам од тоа што сум“, самоуверен е Хицлшпергер. Меѓу првите што му изрази поддршка е напаѓачот на Арсенал Лукас Подолски. „Браво, тоа е правилното решение. Томас заслужува почит затоа што неговото признание е важен знак во наше време“, на Подолски го опиша потегот на својот сонародник.