Голема акција за заштита на населените места од поплавите во Пелагонија

03.02.2015 09:13

Со 10.000 вреќи песок ќе се подигнува насип на две критични точки на реката Црна и тоа во населените места Лознани и Царлија...

Утрово од започна голема акција во Пелагонија во која ќе се вклучи Армијата и луѓе од јавните претпријатија. Со 10.000 вреќи песок ќе се подигнува насип на две критични точки на реката Црна и тоа во населените места Лознани и Царлија.
 
Ова е договорено на вчерашниот состанок на координативното тело што се одржа во Битола, а се прави со цел да се заштитат населените места долж течението на реката. Исто така е договорено претставници од јавни здравствени установи да вршат секојдневни контроли во поплавените подрачја.
 
Заклучокот од состанокот на Координативното тело е да се забрани водата за пиење во овие населени места и да се дистрибуира флаширана вода за пиење. Дополнитечно ќе се прават проценки за дезинсекција и дезинфекција на подрачјата.
 
Од денеска во сите поплавени подрачја ќе се дистрибуираат флаери за да се информираат граѓаните со цел да не се појават заразни болести. Во целата акција ќе се вклучи и Црвениот крст и сите други надлежни институции.