Во МНР состанок на националните координатори на ЦЕИ
03.02.2015 09:24
Средбата е прва активност во рамки на македонското претседателство со ЦЕИ, една од најстарите регионални организации кои придонесуваат за развој и соработка во регионот...

Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи работна средба на националните координатори на Централно европската иницијатива (ЦЕИ), на која обраќање ќе има министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Средбата е прва активност во рамки на македонското претседателство со ЦЕИ, една од најстарите регионални организации кои придонесуваат за развој и соработка во регионот.
Од 1 јануари оваа година Република Македонија официјално започна со претседавање со ЦЕИ.
