Објавена снимка од разговор помеѓу Груевски и Заев

03.02.2015 10:14

Заев во разговор со премиерот Груевски, потврдува дека материјалите што ги поседува ги добил од странски служби...

Синоќа повеќе медиуми објавија видео снимка преземена од „Јутјуб“ на која лидерот на СДСМ, Заев во разговор со премиерот Груевски, потврдува дека материјалите што ги поседува ги добил од странски служби.

Реагираше опозициската СДСМ. Лидерот Заев вели дека објавувањето на видео снимката во медиумите е скандалозно и е потврда кој ги следи комуникациите во Македонија.

Контрареакција од ВМРО- ДПМНЕ. Во соопштението од владејачката партија стои: Кој снима и кој се користи со такви материјали за закана кон носители на државна функција, во соработка со странски служби, има судска постапка, и ние како партија остануваме со став дека и партиите и медиумите во врска со овој случај треба да се однесуваат одговорно и професионално и во рамки на уставот и законите и демократските стандарди.