Алпско скијање

Во Колорадо во лов на медалите

03.02.2015 11:36

Во Бивер Крик и Веил започнува 35-то светско првенство во алпско скијање. САД по 1950,1989 и 1999-та година, четврти пат се домаќини на светскиот скијачки фестивал...

Времето на „белите“ спортови продолжува. Австралиската тениска белина ќе биде заменета со  снежната белина на која од денеска во следните две седмици ќе царуваат најдобрите светски скијачи. Во Бивер Крик и Веил започнува 35-то светско првенство во алпско скијање. САД по 1950,1989 и 1999-та година, четврти пат се домаќини на светскиот скијачки фестивал, а организаторот на синоќешното свечено отворање објави:„Големото скијачко шоу, може да започне“! Според стариот обичај, трките со времето и ловот на медалите започнуваат со женскиот супервелеслалом. А, кога Американците имаат свој силен адут, натпреварувањето се крева на рамништето на спектакл.Линдзи Вон е „виновничката“ за скијачката еуфорија со која е обвиено првенството и скијањето, кое во САД има периферна ролја во односна хокејот,кошарката, рагбито или безболот, а денес е во прв план! 

Последните нејзини фантастични трки,остварувањето на рекордниот број на победи во Светскиот куп и харизмата што ја има е силен магнет за американските медиуми.„Линдзи ќе го освои првото злато или нема да ја заврши трката“- велат стручните предвидувања.Таков е незиниот стил на скијање, како некогаш кога возеа Стенмарк или Томба! Незаслужено во длабока сенка на Линдзи Вон се извонредната млада Американка, Микаела Шифрин специјалистка за техничките дисциплини и актуелна светска првенка во слалом, како и главниот американски адут во машкиот тим Тед Лигети,кој ја има обврската да ги брани трите златни медали од Шладминг 2013-та.Скијачката војна е објавена:САД против другите! 

А, во тој останат дел од скијачкиот свет е „првата дама“ во Светскиот куп, Словенката Тина Мазе. Таа е единствената во ова елитно друштво,која на светските првенства освојувала медали во сите пет дисциплини! Моќен е и австрискиот тим со Фенингер, Цетел,Хосп,Гергл.На освојување одличја сметаат и Швајцарката Лара Гут и Швеѓанката Фрида Хансдотер. Ако трките во Светскиот куп се некаков мериторен показател, машкиот дел од шампионатот ќе го краси голема неизвесност и натпреварувачка драматика.

Австриецот Марсел Хиршер, најекспонираното светско име е брилијантен во техничките дисциплини. Норвежанецот Кјетил Јансруд е пред имеператив  да биде најдобар во најбрзите трки, во спустот и супервелеслаломот. Главниот украс на првенството се очекува да биде на последниот ден во машкиот слалом кога меѓу вратите ќе танцуваат Австриецот Хиршер,Германецот Нојројтер,Французинот Пантуро,Италијанецот Грос, Русинот Хорошилов...

Титулите од Светското првенство во Шладминг во 2013-та ги бранат:

Мажи:

Спуст:Аксел Лунд Свиндал(Нор)

Супервелеслалом:Тед Лигети(САД)

Велеслалом:Тед Лигети(САД)

Слалом:Марсел Хиршер(Авс)

Суперкомбинација:Тед Лигети

Жени:

Спуст:Марион Ролан(Фра)

Супервелеслалом:Тина Мазе (Сло)

Велеслалом:Теса Ворли(Фра)

Слалом:Микаела Шифрин(САД)

Суперкомбинација:Марија Хефл Риш(Гер)