Јолевски: Македонија е докажан партнер и сојузник на САД и НАТО

03.02.2015 11:42

Јолевски вчера остварил средба со сенаторот Кристофер Марфи...

Во рамките на посетата на Соединетите држави, министерот за одбрана Зоран Јолевски вчера остварил средба со сенаторот Кристофер Марфи.

Република Македонија останува посветена на интеграцијата во евроатлантските структури, а глобалниот мир и безбедност, се и наша цел, што е факт кој се гледа преку нашето учество во неодамна завршената мисија ИСАФ, како и придонесот во новата мисија во Авганистан, нагласил министерот Јолевски.

Сенаторот Марфи посочил дека Соединетите држави имаат високо мислење за способностите на припадниците на АРМ, имајќи го предвид сето она што тие го покажале и го покажуваат во рамките на меѓународните мировни мисии.

Министерот Јолевски во Пентагон остварил средба и со Евелин Фаркаш, заменик помошник на секретарот за одбрана за Украина, Русија и Евроазија.

Фаркаш се заблагодарила за учеството на Македонија во мисиите и посочила  дека Соединетите држави продолжуваат со поддршката на земјата во напорите за достигнување на стратегиските цели - членство во НАТО и во Европската унија.