Алпско скијање
Ристевски, македонски репрезент во Бивер Крик
03.02.2015 11:49
од раководство на селекторот Иван Лесевски, Ристевски е во фаза на завршните подготовки...

Македонското скијање на Светското првенство во Бивер Крик ќе биде претставено со најдобриот наш алпинец, Антонио Ристевски.Тој ќе настапи во „своите“ дисциплини, велеслалом и слалом. Под раководство на селекторот Иван Лесевски, Ристевски е во фаза на завршните подготовки.
Денеска ќе го има последниот натпреварувачки тест на патеката во Боровец во Бугарија, а тренинзите пред патот во САД најверојатно ќе бидат реализирани во Маврово. На 9 февруари е планирано заминувањето во Бивер Крик. Ова ќе биде четврто учество на Антонио Ристевски на светските првенства. На последниот шампионат во 2013-та година во Шладминг тој го освои 49-то место во велеслалом.
