Хуманитарна помош за најпогодените семејства од поплавите
03.02.2015 12:06
Пакети со храна добија 15 семејства, во селата Пухче и Степанци. Била дистрибуирана помош во пакети со храна, средства за хигиена и ќебиња на 22 семејства од Радовиш и Конче...

Црвениот крст на Република Македонија во соработка со државните институции на централно и локално ниво, почна со дистрибуирање на хуманитарна помош за најпогодените семејства од поплавите во најзагрозените општини.
Пакети со храна добија 15 семејства, во селата Пухче и Степанци. Била дистрибуирана помош во пакети со храна, средства за хигиена и ќебиња на 22 семејства од Радовиш и Конче, на 20 семејства во општина Кочани и на 50 семејства во општина Штип.
