Жителите од општините Струмица и Василево без вода за пиење
03.02.2015 12:11
Од Центарот за управување со кризи информираат дека без вода ќе бидат цел град Струмица и селата Добрејци, Дабиле, Градско Балдовци, Баница и Просениково и селата Василево, Градошорци, Ангелци и Едрениково...

Поради дефект на главната водоводна линија која ги снабдува корисниците од регионалниот водовод од брана Туруја, без вода за пиење во текот на денешниот ден ќе останат корисниците од општините Струмица и Василево.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека без вода ќе бидат цел град Струмица и селата Добрејци, Дабиле, Градско Балдовци, Баница и Просениково и селата Василево, Градошорци, Ангелци и Едрениково.
