Руската и Српската црква го поздравуваат условниот отпуст на Вранишковски
уската и Српската православна црква со благодарност го поздравуваат условниот отпуст на Јован, се вели во соопштението на двете цркви, пренесено на електронската страница на СПЦ...

По вчерашното условно ослободување на поранешниот владика Јован, пристигна и првата реакција. Руската и Српската православна црква со благодарност го поздравуваат условниот отпуст на Јован, се вели во соопштението на двете цркви, пренесено на електронската страница на СПЦ.
Натаму во соопштението е посочено и дека здравствената состојба на поранешниот владика се разгледувала на средбата на српскиот патријарх Иринеј и рускиот митрополит Иларион во ноември во Белград, по што лани во декември следела посетата на Иларион на Македонија.
СПЦ исто така информира дека Иринеј, епископот Бачки, го посетил Зоран Вранишковски на 28 јануари годинава во затворот Идризово.
Рускиот патријарх Кирил, според СПЦ, го повикал Вранишковски на лекување во Русија, кадешто ќе замине во наредните денови.
