Општина Аеродром ќе добие нов парк
Новиот парк ќе биде опремен со урбана опрема, детски игралишта и повеќе наменски спортски терени. Инвеститор е градот Скопје, а изведувач на работите- Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“...

Девет хектари ново зеленило до средината на летото ќе добијат граѓаните на општина Аеродром. Новиот парк ќе биде опремен со урбана опрема, детски игралишта и повеќе наменски спортски терени. Инвеститор е градот Скопје, а изведувач на работите- Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.
„Оваа инвестиција е многу значајна со оглед на тоа што општината Аеродром е една од позагадените во Скопје, така што со изградбата на овој парк сметаме дека ќе придонесеме за подобрувањето на животната средина“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, потенцираше дека му претставува задоволство што може да ја најави изградбата на новиот парк во неговата општина, и што овој запуштен простор ќе се претвори во зелен и модерен појас во кој сите генерации ќе си најдат свое катче за одмор или рекреација.
